Челси е на добар пат да ја освои титулата во Премиер – лигата оваа сезона, а по вчерашниот триумф над Свонси, на кој се запиша и во листата на стрелците, Цеск Фабрегас истакна дека и следната сезона ќе го носи дресот на клубот од „Стемфорд бриџ“. Иако подолг период се шпекулира со негово заминување, а како можна дестинација се најавува италијанскиот калчолигаш Милан, сепак шпанскиот репрезентативец ги демантираше сите гласини. Сака да остане во Лондон и следната година.
„Немам намера да си одам од Челси. Никогаш и не сум размислувал за такво нешто, иако оваа тема постојано е присутна во јавноста. Во Лондон се чувствуваме убаво, и јас и моето семејство, а сега сум фокусиран единствено на настапите во Премиер – лигата. Среќен сум што успеавме да го совладаме Свонси, а секако дека ми годи што се запишав и меѓу стрелците“, изјави Цеск Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА