Фабрегас од идната сезона се сели во Бундеслигата?

Сегашниот менаџер на Комо, Цеск Фабрегас би можел следната сезона да се пресели во германската Бундеслига. Во моментов Штутгарт, Баер Леверкузен и пред се Лајпциг се заинтересирани за шпанскиот тренер.

Фабрегас би можел да биде замена за Себастијан Хенес во Штутгарт, кој по завршувањето на сезоната може да заврши во Лајпциг. Ако не успее Лајпциг со Хенес, тогаш ќе се обиде со Фабрегас.

Исто така и Баер Леверкузен во Фабрегас гледа идеална замена за Чаби Алонсо, кој е се повеќе на „мета“ на Реал Мадрид. За актуелниот германски првак и Хенес исто така е опција за замена за Шпанецот кој можно е уште ова лето да го напушти Леверкузен и да се пресели во Мадрид или во Премиерлигата.

Се вчитува...