Сегашниот тренер на Комо, Цеск Фабрегас идната сезона би можел да се пресели во англиската Премиерлига. Тој е најсериозен кандидат да го презеде кормилото на Лидс Јунајтед, тим кој обезбеди пласман во најсилното англиско фудбалско клупско натпреварување.
Веќе неколку денови се шпекулира дека актуелниот менаџер на Лидс, Даниел Фарке ќе добие отказ, и покрај успехот кој го направи со својот тим и го врати во англиската „елита“, па така неговото место би можел да го преземе поранешниот играч на Арсенал.
Фабрегас успешно го водеше тимот на Комо, и успеа да обезбеди опстанок во Серија „А“. Во моментов со тимот се наоѓа на 12. место, и далеку од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА