Екс-репрезентативецот на Шпанија, Сеск Фабрегас е во преговори за трансфер во Шпанија и да заигра за екипата на Лас Палмас.
Според „Кадена Сер“, играчот за врска бара нова средина. Неговата приказна во Монако е завршена, па пред себе има неколку опции каде да ја продолжи кариерата.
Италијанска Сампдорија исто така покажала интерес за Шпанецот. Искусниот офанзивец, сепак, повеќе би сакал по осум години да се врати на шпанско тло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

