Фабрегас со искрена исповед: Ми беше страв да влезам во тепачка, па го погодив Фергусон со пица!

Сеск Фабрегас се присети на врамињата кога Арсенал беше тимот кој требаше да се победи во 2004-та година, период кога „топчиите“ од Арсен Венгер испишаа фудбалска историја која тешко дека некој ќе ја повтори, бидејќи неговите избраници беа непобедливи во Премиер лигата цели 49 натпревари.

Оваа неверојатна серија ја прекина лутиот ривал Манчестер Јунајтед со победа на „Олд Трафорд“ од 2-0, натпревар по кој настана вистински хаос во подтрибинскиот простор, каде големата мешаница и тепачка резултираше и со фрлање на храна.

„Бевме непобедливи на 49 натпревари, но Јунајтед имаше голем натпреварувачки дух и беа паметни играчи. Се сеќавам дека на тој меч не добив шанса и бев многу фрустриран. Се загревав, но не играв и бев разочаран што загубивме. Заминав брзо во соблекувалната и тргнав да јадам бидејќи бев прегладнет. Почнав со парче пица, а потоа слушнав гласови од тунелот. Видов многу играчи насекаде, меѓу нив беше и Арсен Венгер. Првата работа која ми падна на памет е да фрлам пица, бидејќи немав сила и храброст да влезам во таа тепачка, ми беше страв. Сите играчи беа чудовишта, големи момци. За жал, парчето заврши во Фергусон“, откри Фабрегас.

Се вчитува...