Фабрегас во Комо носи уште еден талент на Реал Мадрид

Италијанскиот калчолигаш Комо во новата сезона ќе има тим за респект изграден со бројни млади фудбалери по желба на Цеск Фабрегас. На нив се очекува да им се приклучи и стоперот Јакобо Рамон.

Станува збор за 20-годишниот фудбалер на Реал Мадрид кој потекнува од младинската школа на „кралевите“ и веќе запиша шест настапи за првиот тим од кој последниот на ФИФА Светското клупско првенство.

Рамон е и член на младинските репрезентации на Шпанија и реализацијата на трансферот се очекува по крајот на интернационалното натпреварување во кое Реал Мадрид го очекува полуфинална средба против ПСЖ.

Се вчитува...