Фабрис Тамба: „Одигравме луд меч со ТНС, сакаме историја ова сезона и групна фаза во Европа!“

Шкендија обезбеди пласман во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите откако по продолженијата славеше со 2-1 против ТНС синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Стрелецот на првиот гол за тетовци Фабрис Тамба не го крие задоволството од постигнатиот резултат, најавувајќи долго европски лето за Шкендија која ја очекуваат најмалку уште шест натпревари ова лето.

„Ова е мој прв гол во Европа во кариерата, и сигурно сум презадоволен од целиот исход на натпреварот. Видовте беше тоа луд натпревар, имавме контрола, бевме подобри, но дозволивме еден лесен гол на противникот и потоа се отиде на продолженија. Но, ете во самата завршница заслужено постигнавме гол за заслужен пласман понатаму“ – вели Тамба.

Сега Шкендија во второто квалификациско коло ја очекува романска Стеауа…

„Задоволни сме, но не застануваме тука. Нашата цел е оваа сезона да стигнеме до историја и групна фаза во Европа. Не е важно дали ќе биде во Лига на шампиони, Лига Европа или Конференциска лига, секако сакаме групна фаза во едно од овие натпреварувања“ – истакнува стрелецот на голот за Шкендија.

Се вчитува...