Фабрицио Романо ја откри иднината на Кристијано Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо и во следната сезона ќе биде дел од Јувентус. Португалецот нема намера да ја напушти „старата дама“ оваа сезона и ќе го одработи целиот договор со торинскиот клуб, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо.

Актуелниот договор на Роналдо со Јувентус завршува на крајот на оваа сезона, а сеуште не се започнати преговори за продолжување на соработката со што се отвара можност за негово заминување од Торино во 2022 година.

Роналдо беше поврзуван со трансфер во редовите на Манчестер Сити и ПСЖ, како и враќање во редовите на Реал Мадрид меѓутоа истите ќе останат само шпекулации. По доаѓањето на Меси, ПСЖ не може да го ангажира португалскиот репрезентативец без да го прекрши финансискиот фер-плеј, додека Манчестер Сити е фокусиран на Хари Кејн.

А, и покрај тоа што Карло Анчелоти изразил желба да го има искусниот голгетер во своите редови, Реал Мадрид досега нема испратено понуда до Јувентус.

Се вчитува...