Столе Димитриевски продолжува со одличните партии во дресот на Рајо Валјекано сезонава, откако вчера тој и неговите соиграчи успеаја да запишат нов поволен резултат во Ла лига, ремизирајќи на домашен терен против фаворизираната Барселона (1-1).
По натпреварот кумановчанецот имаше средба со еден од најпознатите спортски новинари и веројатно најдобар трансфер познавач, Фабрицио Романо. Италијанскиот новинар се сретна со Столе, а си доби и подарок дрес од натпреварот со каталонскиот гигант.
Инаку, ова беше петти натпревар во низа во кој Барселона не знае за победа над Рајо Валјекано, а последен пат гигантот славеше во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

