Фахрудин Ѓурѓевиќ во нападот на „лавовите“

Екипата на Македонија Ѓорче Петров за настапите во Лигата на Конференции против ЦСКА Софија ќе добие уште едно засилување. Станува збор за досегашниот играч на Влазнија Фахрудин Ѓурѓевиќ, кој доаѓа во Ѓорче како слободен играч, и практично после една година се враќа во ПМФЛ. Тој лани во јули од Работнички лани замина во Влазнија.

Фахрудин Ѓурѓевиќ по трет пат се враќа во таборот на „лавовите“. Фудбалерот од нападот беше дел од Македонија ЃП од 2009 до почетокот на 2010 година, а потоа се врати во Македонија во 2013 година, и после само една година повторно замина. Има и интернационална кариера настапувајќи за Спартак Суботица, Звијезда Градачац и чешките тимови Варнсдорф и Храдец Кралове.

Од македонските екипи покрај Работнички и Македонија, има играно и за Вардар. Минатата сезона во Влазнија одигра 35 натпревари и постигна четири гола, од кои два беа во УЕФА Лигата на Конференции.

Досега Македонија ЃП се засили со Џон Мена, Фисник Зука, Христијан Пецов, Александар Ѓорѓиески и Бојан Илиевски.

Се вчитува...