Бориша Симаниќ ја шокираше српската спортска јавност со последната објава на инстаграм. Додека Србите го очекуваат поширокиот список на играчи од селекторот Пешиќ, Шиманиќ очигледно стави до знаење дека неговото име не е на списокот, не криејќи го разочарувањето од ваквиот расплет откако пред неколку години остана без еден бубрег по повредата заработена бранејќи ги боите на националниот тим против Јужен Судан.
„Ти благодарам Србијо… Јас на вас бубрег, слава и радост, вие на мене понижување и тага“, напиша Шиманиќ.
Се чини дека пораката следи откако крилниот кошаркар дознал дека не се наоѓа на списокот на Пешиќ, што се очекува да биде официјално објавен во следните 48 часа.
Шиманиќ настрада при еден незгоден удар со лакотот од Нуни Омот, по што лекарите по долга борба успеаја да му го спасат животот, но тој на крајот сепак остана без еден бубрег.
Србинот сепак успеа да се врати на терените и потпиша за Игокеа, имаше сосема добра сезона со 11,5 поени и 4 скокови по натпревар, но очигледно и тоа беше недоволно за тој да се најде макар на поширокиот список на селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

