Лионел Меси го минува последниот месец во ПСЖ, откако аргентинскиот генијалец влезе во конфликт со управата на клубот и беше казнет со двонеделна суспензија поради неовластеното патување во Саудиска Арабија.
И додека огромен број на фудбалски личности од Франција жестоко го критикуваат Аргентинецот за непрофесионалниот однос, еден од ретките кои застана во одбрана на Меси е поранешниот тренер на ПСЖ, Антоан Кумбаре, сега шеф на стручниот штаб на Нант.
„За мене ситуацијата е јасна – Меси не треба да се „пипа“. Да го имав Меси во мојот тим, ќе му кажев само да стои напред, воопшто да не трча и да не игра одбрана. Би му давале топки и целиот свет би уживал во неговата магија. Како членови на францускиот фудбал, тотално потфрливме со овој човек. Тоа е срамота. Луд сум за него, го сакам фудбалот, го обожувам Меси и срам ми е кога гледам што се случува. Сега ќе си замине и мило ми е за него. Лео, оди си, францускиот фудбал не те заслужува“, изјави Кумбаре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА