Дејан Манасков преку својот профил на фејсбук испрати порака до Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, кои денеска ги завршија своите репрезентативни кариера.
Крилото на Веспрем го следеше во живо првиот меч во Злин, денеска не беше присутен во Скопје поради повреда, но знаеше како да ги одбележи бројните заеднички моменти што ги мина со легендите на ракометната репрезентација.
„Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се, мангупишта. Ќе фалите“, напиша Дејан Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА