Сосема очекувано, по двата убедливи порази од Норвешка и од Холандија, македонската „Фаланга“ денеска мирно го очекува дуелот со Аргентина во 3. коло од Групата Ф на Светското првенство 2023 во Краков.
Мирно е и во фан-зоната на македонските навивачи во центарот на Краков.
Македонските навивачи се тука, и тоа како желни за победа го очекуваат дуелот со Аргентинците, но сега далеку порезервирано… „Помали очекувања, помали разочарување“ – ќе речат!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА