ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари ќе имаат поголема поддршка од трибините за денешниот дуел со Португалија. откако над 300 навивачи влегоа во „Јиске Банк Боксен“ арена , правејќи шоу во фан-зоната пред поголем дел од нив да се смести зад еден од головите во салата.
„Црвено-жолтите“ навивачи се во елемент, нема дилема дека ракометарите ќе имаат „ветер во грб“ на овој меч, а фановите не кријат дека за возврат посакуваат – триумф над Португалија.
„Сакаме победа“, ечеше во еден момент од македонските фанови во салата, зад голот каде нашите ракометари се загреваат пред почетокот на мечот.
Останува да се види дали оваа желба на навивачите ќе биде исполнета…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








