ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Голем број на македонски навивачи се присутни во Дебрецин за да им дадат поддршка на ракометарите, но пред дуелот со Словенија дојде до несакана случка пред салата, кога над сто членови на „фалангата“ не влегоа навреме во „Феникс Арена“ за пресметката со Словенците.
Хаосот настана поради компликуваната процедура за влез во салата, па дел од фановите дури на полувреме влегоа на трибини, а дел од оние кои беа со помали деца се откажаа на студот и се вратија назад во своите домови.
Поради ова, препораката е денеска македонските фанови порано да се упатат кон салата, за да не дојде до слични несакани случувања. За оние кои беа на трибините и на првиот меч, алките кои беа дадени како своевидна „ковид-потврда за присуство во сала“ треба да се носат и ќе бидат валидни и за вториот натпревар, па фановите кои ќе ги имаат на рака ќе влезат само со покажување на билет, без повторно минување низ целокупната процедура пред „Феникс Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА