ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските навивачи во уште поголем број пристигнаа денеска во Вараждин, со една и единствена цел – да им дадат поддршка на ракометарите со игра слична на онаа од пред два дена да стигнат и до триумф над Холандија.
Пред мечот градот беше обоен во црвено-жолто, атмосферата и во арената беше на највисоко ниво додека се играше ракомет… се додека не почна циркусот во режија на данските судии. Секоја наредна одлука беше на штета на Македонија, со тоа тензијата на теренот, но и на трибините растеше од минута во минута.
А „фалангата“ е навивачка група која разбира ракомет, која повеќе од една деценија следи големи натпреварувања, која знае кога нивните миленици играат под своите можности, но и многу добро може да увиди судиски криминал и зла намера против репрезентацијата што „црвено-жолтата“ навивачка армија и вечерва фанатично ја бодреа.
На крајот, се случи и Холанѓаните навредено да го напуштат теренот, но вината за тоа мора да се бара единствено кај судиите од Данска, кои ракометниот празник меѓу две квалитетни репрезентации го претворија во сопствена режија на нешто што немаше допирна точка со спортот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА