„Фалангата“ се собира на едно место – два часа пред мечот со Данска

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Неколку стотици македонски фанови ќе ја бодрат Македонија вечерва во „Јиске Банк Боксен“ арената, против домашната селекција на Данска.

„Фалангата“ е дел од македонската ракометна приказна повеќе од една деценија наназад, а поддршката од трибините ќе биде драгоцена за избраниците на Лазаров на овој шампионат.

Информациите од лице место говорат дека планот е сите македонски навивачи да се соберат на едно место, во фан-зоната во рамките од „Јуске Банк Боксен“ арената со почеток во 18.30 часот, за заеднички да се „загреат“ за дуелот со домашната селекција.

Едно е сигурно, салата во Хернинг ќе биде исполнета до последно место, на мечот на кој домашната селекција го отвора шампионатот.

Се вчитува...