ФОТОГАЛЕРИЈА: „Фалангата“ се загрева – ечат македонски песни во центарот на Кардиф

Како што се ближи почетокот на вечерашниот дуел меѓу Велс и Македонија (20.45 часот), така се крева и атмосферата во Кардиф во пресрет на овој клучен меч за второто место во групата.

Нашите фудбалери ќе имаат поддршка од трибините, а навивачите веќе пристигнаа во Кардиф, собирајќи се на неколку локации во центарот во градот, меѓу нив и фан-зоната предвидена за македонските фанови.

Во центарот на градот ечат македонски песни… фештата на „фалангата“ нека трае и по завршувањето на вечерашниот дуел, со позитивен резултат за Македонија.

 

Се вчитува...