Верните навивачи на македонската ракометна репрезентација, кои ќе им дадат поддршка на ракометарите и на ЕП 2022 во Дебрецин, ќе ја испејат новата навивачка химна што ќе биде снимена во наредните денови во Скопје.
Песната е со назив „Европско од сон“, а нејзини автори се Филип Неделковски (музика), Огнен Неделковски (текст) и Ангел Ќосев (студио Подрумот).
Текстот на новата навивачка химна за ракометната национална селекција гласи:
РЕФРЕН: Сите тука сме И навиваме како едно, Македонијо, постигни гол ! До последен здив ќе се бориме, Ќе те бодриме, наша земјо !
1. Во напад, во напад одиме, Од сегде сме тука, навивачи како тим, И треба брзо да водиме На терен штом трча срце !
РЕФРЕН: Сите тука сме И навиваме како едно, Македонијо, постигни гол ! До последен здив ќе се бориме, Ќе те бодриме, наша земјо !
2. Сто желби, а една тактика, Со Кире да биде ова Европско од сон, И нова победа сакаме, Па цела ноќ да се слави ! ТЕКСТ: ОГНЕН НЕДЕЛКОВСКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

