Македонските навивачи во одлична атмосфера го очекуваат денешниот дуел со Холандија, на кој позитивен резултат може широко да ги отвори вратите кон пласман во следната мундијалска фаза.
„Фалангата“ беше маестрална и на првиот меч, на која ракометарите и останаа должни за добра игра и причина за радост, а денешниот меч е нова шанса за задоволството да биде комплетно, на шоуто на навивачите на трибините да се надоврзат и репрезентативците на теренот.
Атмосферата во фан-зоната во Краков станува се пожешка како што се приближува почетокот на мечот, на кој нема сомнеж дека македонските фанови ќе имаат главен збор на трибините на „Таурон Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА