ЕКИПА во Загреб,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Како што се ближи стартот на дуелот со Словенија, така расте и оптимизмот кај македонските навивачи кои пристигнаа во Загреб за да ги бодрат нашите ракометари на ова европско првенство.
Формирана е и македонска фан-зона, во барот „Роко“ на неколку километри од „Арена“, каде нашите фанови се собраа во голем број, загревајќи ја атмосферата пред заеднички да се упатат кон салата каде „воините“ ќе водат битка со избраниците на Веселин Вујовиќ.
„Нека биде победнички старт, па да славиме и по натпреварот со македонски песни на истото место“ – порачуваат македонските навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА