„Фалангата“ во црни маички во чест за жртвите од Кочани ќе ја бодрат Македонија во Вадуц (ФОТО)

ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев

Патот кон Мундијалот 2026 година низ регуларните квалификации за Македонија почнува од Вадуц, на дуел против селекцијата на Лихтенштајн (15:00 часот). Македонскиот воз тргнува денеска со надеж дека ќе стигне до посакуваната дестинација – Светското првенство 2026!

Нашата репрезентација ќе ја бодрат и верните фанови кои што на секој меридијан во светот патуваат со неа. Тие денеска на стадионот во Вадуц ќе бидат во „црни маици“ во чест за жртвите од дикостеката „Пулс“ во Кочани.

 

Се вчитува...