Колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао по завршувањето на сезоната и дефинитивно ќе го напушти Монако и најверојатно ќе го засили Милан. Како што информира „Кориере дело спорт“, Фалкао вечерва ќе биде гостин на „росонерите“ во Рим, каде Лацио ќе го пречека Милан во полуфиналниот дуел од Купот на Италија.
Капитенот на „кнезовите“ заработува 10 милиони евра по сезона, а договорот му истекува во 2020 година, но најверојатно со спогодбен раскин ќе замине ова лето. Милан подолг период се обидува да го ангажира искусниот напаѓач, а тоа треба да се се случи во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА