Радамел Фалкао по завршувањето на фудбалската кариера, сака да се насочи кон играње бејзбол. Колумбиецот во интервју за францускиот „Гол“ изјави дека често на оваа тема зборува со својата жена.
„Би почнал бејзбол кариера. Како тоа што го направи Мајкл Џордан, само што тој беше кошаркар и не стигна до најдобрата лига. Ја сакам да бидам првиот кој ќе успеа да заигра во МЛБ лигата“ – вели Фалкао.
Фалкао во моментов ги брани боите на францускиот Монако, тим со кој до крајот на сезоната ќе има тешка задача да избори опстанок во Лига 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА