Фалкао заврши во болница по дуел на тренинг – Колумбискиот фудбалер се здобил со фрактура на коските на лицето

Радамел Фалкао доживеал повреда на крајот од тренингот со тимот на Галатасарај. Имено, Фалкао на тренинг се судрил со соиграчот Актурукоглу и се здобил со тешка повреда на главата.

Искусниот напаѓач се здобил со фрактура на коските на лицето и бил пренесен во болница. Галатасарај потврди дека ќе биде опериран, и дека не е познато колку ќе трае неговата пауза.

Актурукоглу нема сериозни повреди, но и тој е задржан во болница.

Се вчитува...