Фамилијарен конфликт во НБА финалето: Тој ми е како втор брат, но ќе „му ја скинам главата“

Оклахома Сити Тандер се пласираше во финалето на Западната конференција со убелив триумф над Денвер во „мајсторката“. За противник во следната фаза ќе го има амбициозниот тим на Минесота кој носи и фамилијарен конфликт.

Имено, ѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџус-Александер за противник ќе го има братучед му Никел Александер-Вокер па имаше интересна изјава за медиумите.

„Ќе биде интересно. Тој ми е како втор брат, цел живот е со мене од моментот кога фативме топка во рака, преку градинка па се до НБА. Се поминавме заедно па овој дуел ќе биде посебен. Да се натпреваруваме еден со друг ќе биде дури и повеќе од специјално. Но, ќе „му ја скинам главата“ без дилема“, изјави ѕвездата на Оклахома.

Се вчитува...