Фан на Арсенал на добротворна акција организирана од клубот, плати 24,000 фунти за приватна вечера со Арсен Венгер. Ѕвездите на Арсенал заедно со нивниот менаџер, присуствуваа на свечената манифестација „Фондација на Арсенал – Ноќ за инспирација“, организирана од клубот за собирање средства кои подоцна ги користат да помогнат во повеќе сфери.
На вечерата се одржа аукција на која се „продаваа“ фудбалерите на Арсенал и Венгер, со цел да соберат што повеќе средства. Минатата година фондацијата стигна до бројката од 385,000 фунти, а оваа година ја надмина сумата за речиси 100.000 фунти, што е нов рекорд на оваа организација. Еден фан плати 2.800 фунти за да одигра една партија голф со фудбалска топка со Алекс Окслејд Чемберлен, додека друг навивач на „топчиите“ плати 5,500 фунти за да биде дел од фотографијата на првиот тим за следната сезона.
На ваков начин се собираат пари кои се донираат во различни полиња. Се донираат на деца кои се болни и имаат скапи терапии, на луѓе бездомници, на сиромашни, не само во Англија и островот, туку и низ целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА