Фанови на Нирнберг и на Шалке на гости кај Саша Ќириќ (ФОТО)

Саша Ќириќ остави голем белег во Нирнберг и во Бундес-лигата, а фановите тоа не го забораваат. Навивачи на германските прволигаши Нирнберг и Шалке 04, кои се збратимени, го посетија спортскиот директор на македонската фудбалска репрезентација во неговото кафуле „29“ во Аеродром. Тие синоќа беа на стадионот „Тумба“ во Солун и го бодреа Шалке 04 во мечот против ПАОК во Лигата на Европа.

„Старите пријателства се негуваат и надградуваат. Денеска бев пријатно изненаден со посетата на фановите на Нирнберг и на Шалке 04, кои ми дојдоа на гости“, вели Саша Ќириќ.

Се вчитува...