Фановите фасцинирани, Јунајтед ги претстави гостинските дресови (ФОТО)

Манчестер Јунајтед и официјално ја претстави гостинската гарнитура дресови за следната сезона, дизајн поради кој се фасцинираа фановите.

„Ѓаволите“ одлучија да играат во бела комбинација. Јунајтед претходно го претстави само домашниот дрес, а за него мислењата беа поделени и дел од навивачите не се согласуваа со изгледот на дресот.

Се очекува, „ѓаволите“ да дебитираат во новата гарнитура дресови веќе на следниот натпревар против Кристал Палас кој ќе го играат во Мелбурн.

Дополнително третата гарнитура на дресови која ќе биде претставена се очекува да биде со флуросцентно зелена боја.

 

 

 

Се вчитува...