Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков доби големо признание од фановите на Веспрем. Тој е избран за најдобар за играч на сезоната 2017/18 во тимот на Веспрем во гласањето на симпатизерите на клубот. Манасков ќе го добие признанието „Карлос Перез 2018“, кое традиционално го добива најдобриот играч на клубот во претходната сезона.
Тој постигна 118 голови на 35 натпревари за Веспрем минатата сезона.
Претходно, ова признание го добивале Герг Иванчик (2009/10), Дејан Периќ (2010/11), Часар Габор (2011/12), Ласло Наѓ (2012/13), Момир Илиќ (2013/14), Момир Илиќ (2014/15), Арон Палмарсон (2015/16) и Мате Лекаи (2016/17).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА