Манчестер Јунајтед објави дека ги зголемува цените на билетите за своите натпревари за 5% за следната сезона. Ова се случува трета година по ред. Раководството на „црвените ѓаволи“ ја презеде оваа непопуларна мерка за клубот да ги почитува правилата за финансиска одржливост.
Оваа одлука се очекува дополнително да ги разгори навивачите против газдите, откако тие веќе неколку пати протестираа за претерано високите цени на билетите на „Олд Трафорд“.
Цените на билетите за лица до 16 години ќе се замрзнат, но попустот за пензионерите над 66 години ќе се спушти на 25%, за разлика од порано, кој беше 50%. Дополнително, за 15 проценти ќе се зголемат и таксите за паркирање автомобили. Јунајтед, исто така, воведува категоризација на билети за секој поединечен натпревар за да овозможи различни ценовни структури за натпревари од повисок профил.
Извршниот директор на Јунајтед, Омар Берада рече дека клубот „работил напорно за да дојде до ценовен пакет кој е фер и разумен“.
We have today confirmed our season ticket prices for the 2025/26 men’s team campaign.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) March 17, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА