Победата на Албасете над Реал Мадрид во Купот на Кралот и понатаму е топ тема на разговор во светот на фудбалот, но не само поради триумфот на „Давид над Голијат“, туку и поради расистичките навреди упатени кон Винисиус Џуниор.
Бразилецот по којзнае кој пат е жртва на расистички навреди во Шпанија, а овој пат беше и гаѓан од трибините со банана. За немилите сцени сега се огласи и шпанскиот второлигаш осудувајќи ги навредите.
„Болно е и срамотно што грозните, одвратни и неприфатливи раситички гестови на група не претставува и не ги почитува вредностите на Албасете ја украдоа магичната вечер на стадионот „Карлос Белмонте“.
Не постои околност под која нашиот клуб и нашиот град ќе прифати вакво однесување. Работиме на идентификација на лицето кое фрли банана на теренот. Побаравме помош од одговорните, но бараме помош и од навивачите“, стои во дел од соопштението на Албасете.
The Albacete fans threw a banana at Vinicius Jr during the game.
2026 and racism still exists. It’s f*cking disgusting.
— 10 (@Kylian) January 16, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

