Фановите на Англија безмилосни: Сака, Рашфорд и Санчо жртви на расистички напади

Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, играчите кои ги промашија пеналите во финалето на Европското првенство против Италија, се наоѓаат на мета на жестоки расистички навреди на социјалните мрежи во Англија.

Фудбалерите беа заштитени од Фудбалскиот сојуз, а зад нив застана и премиерот Борис Лондон, како и градоначалникот на Лондон Садик Кан.

„Луѓето кои пишуваат вакви работи не се добредојдени во фудбалот. Ние целосно ги поддржуваме нашите играчи и бараме најстрога казна за расистичките навреди. Продолжуваме заедно да се бориме против дискриминацијата. Ние сакаме сопствениците на социјалните мрежи да ги исфрлат од своите платформи оние што си дозволуваат да пишуваат ужасни работи“, стои во соопштението на ФА на Англија.

Полицијата соопшти дека тие веќе презеле чекори за пронаоѓање на сторителите на расистички напади.

„Знам дека имаше многу расистички коментари. Тоа нема да се толерира и сè ќе се испита и сите ќе одговараат“, стои во соопштението.

Борис Џонсон е разочаран од односот кон некои репрезентативци.

„Овие момци заслужуваат да бидат прогласени за херои, да не бидат навредувани поради бојата на кожата. Оние што го прават тоа треба да се срамат“, напиша премиерот на Велика Британија.

 

 

 

 

 

Се вчитува...