Баерн Минхен по една од најнеуспешните сезони во клупската историја во која не беше осовен ниту еден трофеј се осврна кон целосна реконструкција на тимот. Во Баварија веќе пристигнаа звучни засилувања, а наскоро се очекува и заминување на дел од ѕвездите.
Еден од нив е и Матијас де Лихт, холанѓанскиот стопер кој не ги исполни очекувањата на Германците и ова лето се наоѓа пред премин во Манчестер Јунајтед со кој веќе постигна договор за личните услови.
Раководството на Баерн Минхен нема ништо против да го реализира трансферот на Холанѓанецот, но за истиот не се сложуваат навивачите на клубот кои започнаа петиција за неговото задржување во Минхен. Истата досега ја потпишаа повеќе од 70 илјади фанови па ќе биде интересно да видиме дали клубот ќе го послуша нивниот глас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА