Фановите на Челси разочарани од Росениор: „Готови сме како фудбалски клуб“

Отказот на Енцо Мареска и ангажирањето на Лиам Росениор за нов тренер на Челси не наиде на воодушевување кај фановите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Методите на работа на Англичанецот дополнително ги загрижија навивачите на трофејниот англиски клуб кои оставија лавина на реакции на социјалните мрежи.

Особено одекнаа тврдењата дека Росениор на тренинзите не носи ракавици со цел фудбалерите да можат да го слушнат неговото ракоплескање.

„Готови сме како сериозен фудбалски клуб“, „Што е ова Боже? Повеќе не го препознавам својот клуб“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Според некои англиски медиуми, Росениор по пристигнувањето во Челси веднаш имал состанок со фудбалерите во посебна соба во која тие граделе тимски дух со склопување на лего коцки.

Се вчитува...