Фановите на Динамо шокирани: После девет примени гола следен логичен чекор е оставка

Во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите, Динамо претрпе тежок пораз од Баерн со резултат 9:2 . Ова е најголем број постигнати голови на една екипа против противник на меч од Лигата на шампионите, а воедно и најтешкиот европски пораз во историјата на хрватскиот шампион. И покрај сосема очекуваната доминација на баварскиот клуб, незавидниот настап на Динамо остави уште полош вкус, особено ако се земе предвид поразот од Хајдук кој му претходеше. Динамо не изгледа добро и евидентно е дека повторно ќе им треба многу сила, но и мудрост да ја сврти приказната во своја полза и да продолжи со кренати глави.

На тешкиот пораз реагираа и навивачите . Голема поддршка добија сините момчиња од Максимир под објавата на нивната официјална Фејсбук страница. Но, имаше и такви кои упатија критики, со оглед дека Динамо пред неколку дена на домашен терен беше поразен и од вечниот ривал Хајдук.

„Почитувани играчи, ова беше кратка лекција за тоа како да се игра модерен, сериозен европски фудбал. Вертикален и брз, а во исто време одговорен и паметен. Можеме да ви простиме за овој срам, но не и за она што се случи во петокот“, стои во еден од коментарите.

„Петти натпревар Динамо не игра ништо. Ситуацијата се влошува. Јакировиќ, оди си. Мислам дека после девет примени гола и уште три поништени, следен чекор е оставка. Нема друго“.

Се вчитува...