Хари Мегваер засега нема да направи трансфер во Вест Хем. И покрај тоа што Манчестер Јунајтед ја прифати понудата од 30 милиони фунти, сепак, стоперот засега нема да оди во Лондон.
Наводно Мегваер барал од Јунајтед да му исплати 8 милиони евра, како бонуси за излегување на тимот во Лигата на шампионите, како што стоело во договорот.
Мегваер ги чекал парите кои не му биле исплатени, па да тргне на пат кон Лондон, меѓутоа тоа не се случило, а Вест Хем изгубил трпение и го откажал трансферот, па сега веќе бара други решенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

