Фановите на Јунајтед во „транс“: Мегваер се сели во Лондон

Вест Хем наводно постигнала начелен договор со Манчестер Јунајтед за ангажман на стоперот на англиската репрезентација Хари Мегваер. Вториот најскап стопер во историјата, кого Манчестер го плати 85 милиони фунти, сега за 55 помалку ќе се пресели во Лондон.

Сега следува само договор на клубот со играчот, па да дојде до конечен потпис.

Овој трансфер ќе донесе задоволство меѓу фановите на Јунајтед, кои упатуваа многу критики за играта на стоперот кој имаше многу киксови во дресот на „ѓаволите“ кои скапо го чинеа тимот.

Инаку првата понуда на Вест Хем беше одбиена од страна на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...