Тренерот на Келн, Штефен Баумгард е херој на вчерашниот ден во натпреварите од Лигата на Конференции. На дуелот со Ница, фановите правеа нереди, па така во помош скокна и предводникот на „јарците“ кои се обиде да ги смири.
Инцидентот се случил на 45 минути пред почетокот на мечот, кога неколку десетици навивачи на Келн заминаа маскирани во правец кон навивачите на Ница за да се пресметуваат. Во тоа време полицијата не била на трибините.
Меѓутоа тренерот Баумгарт се обиде да ги смири, но залудно. Фановите продолжија во својата „мисија“. Неколку фанови, сепак, застанале и разговарале со тренерот кој после натпреварот видно вознемирен, не сакаше да коментира што се случи.
die köln fans schubsen einen schwarz gekleideten nizza fan von der tribüne😭😭😭 pic.twitter.com/17IxwnqEMp
— nvco (@11nvco) September 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА