Јирген Клоп по девет години поминати во Ливерпил замина од „Енфилд“ по потрага по мир, а неколку месеци по неговото заминување објавена е и следната дестинација на Германецот. Искусниот стратег останува во фудбалот, но ќе има различна улога отколку досега.
Тој ќе биде координатор на фудбалскиот сегмент на популарната компанија Ред Бул која под свое крило ги држи клубовите Лајпциг, Салцбург и Њујорк. Клоп ќе биде главен координатор и ќе биде одговорен за трансферите и стратегијата на германскиот, австрискиот и американскиот клуб.
Новиот ангажман на Клоп наиде на големо изненадување на фудбалската јавност, но и притоа претрпе големи критики бидејќи се сметаше за еден од малкуте „старомодни“ тренери кои ја ставија страста пред финансискиот сегмент. А, судејќи според последните информации на германските медиуми сега ќе биде уште поголема мета на критикарите.
Имено, како што пренесува германскиот „Münchner Merkur“ договор за превземање на оваа функција имал уште од септември 2022 година кога на состанок со сега починатиот австриски бизнисмен, Дитрих Матешиц му ветил дека од 2025 година ќе ја врши оваа функција.
Интересно, во 2022 година Клоп го продолжи договорот со Ливерпул до летото 2026 година па овој таен договор кој сега излезе во јавноста предизвика и бурна реакција кај фановите на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА