„Фановите на Манчестер да не му веруваат многу на Ретклиф за новиот стадион“

Легендарниот поранешен играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс изрази одредени сомнежи за изразената намера на Сер Џим Ретклиф клубот да добие нов модерен стадион, чија вредност се проценува на 2 милијарди фунти. Тој исто така ги повика фановите да не веруваат на зборовите на Ректлиф за новата арена.

Според најавите, Јунајтед ќе добие нов, модерен стадион со капацитет од 100.000 места до 2030 година.

„Понекогаш можете да бидете малку наивен и да верувате во она што го кажува Рактлиф, само затоа што никогаш не сте слушнале некој од неговите претходници да каже такво нешто. Но, не знаете колку е реално, сè е во воздухот Се чувствувам како да молиме на моменти, излегуваме и велиме дека сакаме стадион и ни требаат 2 милијарди фунти за тоа, а од друга страна за да направиме добар тим, мораме да продаваме играчи за да купиме нови“, изјави Сколс.

Се вчитува...