Милан се врати во Лигата на шампионите по многу години, а го чекаат многу тешки натпревари веќе во групната фаза. Милан беше сместен во четвртиот шешир, па немаше друг избор освен да се смести во група со жестоки ривали.
„Росонерите“ ќе играат против Ливерпул, Атлетико и Порто.
Клубот одлучи да стави високи цени на билетите за овие натпревари на „Сан Сиро“, дури двојно повисоки од градскиот ривал, тимот на Интер, кој беше шампион на Италија. Интер ја отвора својата европска турнеја против Реал Мадрид на 15 септември, а билетот за навивачите е 48 евра. Милан ќе го одигра првиот домашен натпревар против Атлетико на 28 септември, а цената на билетот за оние најжестоки навивачи е дури 119 евра.
Навивачите на Милан се незадоволни поради тоа, иако најверојатно и онака ќе го наполнат „Сан Сиро“ бидејќи химната на Лигата на шампионите не се слуша долго време, барем не кога Милан игра на тој стадион во вторник или среда.
Интересно, на натпреварот Милан – Кљари (4-1) минатиот викенд имаше дури 40.000 гледачи на стадионот, што е исто така рекорд за посетеност во новата сезона на Серија А.
#UCL ticket sales start today! Don’t miss out on the opportunity to experience European nights at San Siro. Reserve your seat now 🎟️👇 #BackHome: ci siamo! Inizia la vendita per le prossime tre gare di @ChampionsLeague. Acquista ora il tuo biglietto 🎟️👇 #SempreMilan
— AC Milan (@acmilan) September 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА