Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас продолжува со одличните партии во дресот на Наполи, запишувајќи погодок и во големата победа од 5-1 против Јувентус.
„Дијамантот“ стартуваше од клупата за резервни фудбалери но, како и секогаш, со максимумот за својот тим. Па, токму и според начинот на кој себеси се дава на теренот Елмас доби нов прекар од навивачите на наполитанскиот тим.
„El Massimo“, или „Максимус“, е новиот прекар на македонскиот „дијамант“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА