Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Елиф Елмас веќе подолго време се поврзува со можен трансфер, но каква ќе биде иднината на нашиот „дијамант“ ќе се знае после Европско првенство.
Сепак, шпекулациите за евентуален трансфер го навлекоа гневот кај навивачите на наполитанците, па фановите испратија јасна порака до челниците на Наполи, а истата вели дека ниту на крај памет не треба да им падне да го продадат Елиф.
Во периодот Елмас е комплетно фокусиран на настапите со Македонија на Европското првенство, а во црвено-жолтиот дрес има извонредна статистика – 7 гола, 5 асистенции на 27 меча, додека за Наполи на 80 средби запиша само 4 гола. Џенаро Гатузо го користеше како резерва, но откако Наполи доби нов тренер, работите можат да се променат во полза на Елмас, а сето тоа донесе голема радост на фановите.
Откако вчера „Кориере дело Спорт“ сподели информации дека Бенфика притиска за 20 милиони евра да го земе Елмас, од навивачите стигнаа пораки до управата и првиот човек Аурелио де Лаурентис, да не ни помислуват на такво нешто.
„Елмас е талент и треба да го вреднувате – да не ви падне на памет да го продадете“, пишуваат навивачите по социјалните мрежи.
Eljif Elmas. ? pic.twitter.com/0ejGDDIbrv
— Mattia? (@itzzzmat) June 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА