Фановите на Партизан не ја забораваат легендата: Милојевиќ доби мурал во Белград (ВИДЕО)

Пред речиси една година, српската кошарка беше завиена во црно по ненадејната смрт на поранешниот легендарен кошаркар, а подоцна и тренер кој стигна и до НБА лигата, Дејан Милојевиќ кој почина на 47-годишна возраст.

Со цел никогаш да не се заборави делото на Милојевиќ, фановите на Партизан на својот поранешен капитен му посветија мурал во неговиот Падињак, од каде на уличните терени и ја започна богатата кариера. Дополнително, КК Партизан одлучи натпреварот против Спартак Суботица на 19. јануари да биде одигран во негова чест.

Се вчитува...