Фановите на Реал Мадрид ги „поздравија“ Белингем и Винисиус со свирежи (ВИДЕО)

Незадоволството од поразот во финалето на Суперкупот и елиминацијата во Купот на Шпанија навивачите на Реал Мадрид го изразија на денешниот натпревар против Леванте во домашниот шампионат.

Свирежите беа јасни уште од самото загревање, а посебен „поздрав“ добија Џуд Белингем и Винисиус Џуниор при претставувањето на составот.

Се вчитува...