Германскиот стратег Јирген Клоп, кој го предводеше Ливерпул до финалето на Лигата на шампионите следната сезона, е најголемата желба на фановите на Реал Мадрид за да го замени Зинедин Зидан на клупата на актуелниот европски првак. Иако медиумите го најавуваат Маурицио Покетино, менаџерот на Тотенхем, како главен кандидат, сепак, тој е вториот според бројот на гласовите во анкетата на весникот „АС“ направена меѓу симпатизерите на Реал Мадрид.
Јирген Клоп доби 41% од гласовите на околу 120.000 фанови на Реал Мадрид во анкетата направена преку интернет. На второто место е Покетино со 34% од гласовите, а има и такви кои очекуваат друга легенда на клубот да добие шанса по заминувањето на Зидан.
Весникот „Марка“ исто така направи анкета, и повторно е Јирген Клоп е на првата позиција со 29% гласови од околу 45.000 испитаници, а зад него е Маурицио Покетино со 29% од гласовите. По ова, „Марка“ упати и директна порака до претседателот на Реал Мадрид.
„Флорентино, подари им го Јирген Клоп на навивачите на Реал Мадрид“, е насловот во овој шпански спортски весник.
Сега на потег е Флорентино Перез. Јирген Клоп има договор со Ливерпул до 2022 година, додека Маурицио Покетино е ’врзан’ со Тотенхем до 2023 година. Но, понуда од Реал Мадрид тешко се одбива…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА