Фановите на Реал Мадрид имаат причина за радост: Џуд Белингем по стапките на Кристијано Роналдо

Џуд Белингем ја продолжи фантастичната голгетерска форма во дресот на Реал Мадрид и на денешниот натпревар против Гетафе во кој беше „виновен“ за новите три бода на „кралевите“ стрелајќи во 95. минута за победа од 2-1.

Младиот Англичанец ја затресе мрежата и во четвртиот последователен натпревар за својот нов клуб, а со тоа влезе и во одбрано друштво покрај Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Цеск Фабрегас како единствени кои во 21 век стигнале во овој успех.

Се вчитува...