Фановите на Реал може да здивнат: Повредата на Асенсио не е сериозна

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој беше хоспитализиран на крајот од реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Бенфика (2:1), им се обрати на навивачите на тимот.

Тој кажа дека не е ништо страшно, и дека наскоро ќе се врати на терените.

„Ви благодарам за поддршката. Сè е во ред. Продолжуваме во следната рунда – Хала Мадрид!“, напиша Асенсио на социјалните мрежи.

Повредата се случи во 77-та минута од натпреварот, кога Асенсио силно се судри со својот соиграч Едуардо Камавинга. Судирот се случил на половината на противникот за време на борба за висока топка. Французинот станал неповреден, но Шпанецот не можеше сам да стане и беше изнесен на носилка. На негово место влезе Австриецот Давид Алаба .

Откако доби медицинска помош, Асенсио бил отпуштен од болница и се врати дома.

Се вчитува...